Текстилец сезоната во Првата ракометна лига ја отвара во Штип против Аеродром, Младост во Богданци го чека Астраион!

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени натпреварувачките броеви за Прва лига за новата натпреварувачка сезона 2025/2026.

Како што веќе претходно информираме во новата сезона ќе има промени кога е во прашање натпреварувачкиот дел со тоа што учество ќе земат 14 екипи, кои ќе играат двокружен систем со вкупно 26 кола, без да има плеј-оф и плеј-аут.

Новата сезона ќе започне со натпреварите од првото коло кое на програмата ќе биде на 13 односно 14 септември.

Текстилец новата сезона ја отвара на домашен терен во Штип против екипата на Аеродром, еден од главните фаворити за влез во елитата Младост Богданци на домашен терен ќе игра со Астраион од Струмица, Македонија ЃП ќе игра дерби со Мулти Есенс, Овче Поле ќе се соочи со Вардар Неготино.

Екипата на Кичево ќе игра против Партизан Гевгелија, Јехона во Гостивар ќе го пречека составот на Преспа Вардар од Ресен, а пак Драчево Јуниор ќе игра со Шампион.

Александар Ванев, М-Нет