
Ракометарите на Текстилец забележаа висока победа на гостувањето кај Шампион во мечот од 13. коло на Првата лига кој го добија со високи 36:48.
Неизвесности имаше во првиот дел, но во финишот на истиот Текстилец направи солидна предност од 16:23, а во вториот дел ја билдаше разликата до конечните 36:48 не оставајќи му простор на домаќинот за резултатски да се врати во игра.
Сепак мечот го одбележува ракометарот на Шампион, Давид Јовчевски кој постигна неверојатни 18 гола на средбата, но недоволно за бодови на неговиот тим, а кај Текстилец прво име беше Јован Атанасовски со 11 гола, а еден помалку имаше Филип Савев.
Во однос на останатите средби Партизан со тесни 35:33 го доби Овче Поле, Драчево Јуниор го загуби дербито од Мулти Есенс со 25:31, а пак Македонија ЃП среде Неготино до доби Вардар со 31:32 и само го оддалечи од трката за влез во Суперлигата.
Преспа на домашен терен беше декласирана од непоразениот лидер Младост со 25:42, додека пак Аеродром со 34:30 запиша триумф над Јехона.
Во однос на табелата Младост е прв со 24 бодови, втор е Мулти Есенс со 22 бодови, трет е Драчево со 18 бодови, а пак Вардар Неготино е четврти со 16 бодови.
Тимот на Текстилец го дели шестото место со Аеродром и Јехона со по 12 бодови, Овче Поле од Свети Николе е десетти со осум бодови, на дното е Кичево со минус еден бод.
Александар Ванев, М-Нет