Таравари: Сите пациенти кои се лекуваат во државата и во странство се во добра и стабилна здравствена состојба

Сите пациенти кои се лекуваат во државата и во странство се во добра и стабилна состојба, посочи денеска на прес министерот за здравство Аребн Таравари. Од вкупно 20 критични, само десет се во животна опасност. 72 ппациенти се лекуваат во државата, а 101 пацинет во клиниките надвор од државата.

„Сите пациенти кои се лекуваат во државата и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето од нив се подобруваат. Од вкупно 20 што беа критични, денеска констатираме дека десет се потешки пациенти, но и тие се стабилни, надвор од животна опасност. Моментално во државата се лекуваат 72 пациенти, на клинички центар се 34, во „8 Септември“ 15, Градска општа болница – 15 и во Штип само еден пациент. Во приватниите болници се 11 пациенти.“ – вели Таравари.

Во меѓувреме Таравари посочи дека сите пацинети пред да бидат пуштени на домашно лекување ќе бидат прегледани од токсиколози, со цел да бидат сигурни во нивната здравствена состојба.

„На сите пациенти кои ќе се испишуваат ќе дојдат искусни токсиколози, ќе направат испитување и да бидеме сигурни кога ќе ги пуштиме дома.“ – вели Таравари.

Засега нема нови пациенти кои ќе бидат испратени на лекување во странство, иако има понуди од повеќе странски држави. Од наредната недела Таравари посочи дека се очекува дел од пациентите да се враќаат во државата и да продолжат со лекување овде.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет