
Таеквондо спортот започнува да се тренира и во Штип. Во соработка со КК Штип од Штип, љубителите на боречките спортови ќе имаат можност да тренираат и таеквондо и да покажат значајни резултати. Претседателот на македонската таеквондо федерација, Борче Костовски вели дека потребно е многу работа, пожртвуваност, следење на ситници за успеси во овој спорт. Додава дека во Штип таекводното било прифатено и се надева на значајни резултати.
„Наидовме на пријателско – братски односи овде во КК Штип од Штип, и се надеваме дека ќе постигнеме значајни резултати“ – вели Костовски.
Заинтересираност има, дециден е Костовски, од спортисти кои во иднина би тренирале таеквондо. Вели дека очекува во иднина престваник од Штип на Олимписките игри во Лос Анџелес. Ова е главната цел и на браќата Арсовски, кои потенцираат дека со отворањето на новиот таеквондо клуб Штип, се нуди поголема можност за тренирање на боречки вештини во градот.
„Со огромна желба и нетрпение чо чекавме овој ден каде што КК Штип ќе се додаде една ставка таеквондо клуб Штип. Целта ни е покрај европските и светски првенства да почнеме да размислуваме и за олимпијада.“ – вели Арсовски.

Дека е прекрасна можност за сите спортисти согласен е и каратисотот Емил Павлов, кој посочи дека на ваков начин се надоградува спортот во градот.
Првиот таеквондо тренинг се реализираше вчеравечер во спортската сала Јордан Мијалков во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет