Суспендиран теренот на Башкими во Куманово по инцидент со Каменица Саса

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово  се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово. Оваа одлука доаѓа по одигрувањето на натпреварот помеѓу Башкими и Каменица Саса, минатата сабота, бидејќи на оваа средба имаше инцидент.

Од Башкими изјавија: „Сметаме дека ќе добиеме мала казна, бидејќи инцидентот е намерно хиперболизиран. Да беше голем инцидент, судиите ќе ја прекинеа играта, па тоа беше мал инцидент, кој веднаш беше смирен и натпреварот продолжи“, изјави за М Нет-ТВ Арменд Дестани, претседател на ФК Башкими.