Супер-дерби на колото – Соколи во Штип го пречекува тимот на Ангели, Водно Санс домаќин на Охрид

Викендот ќе бидат одиграни натпреварите од 6. коло на Втората кошаркарска лига на Македонија, а во рамки на истото екипа на Соколи која е на врвот од табелата на домашен терен ќе игра големо супер-дерби против екипата на Ангели, меч со кој ќе биде всушност затворено колото, а кој се игра в недела од 18 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.

Во рамки на оваа коло Водно Санс ќе игра против ланскиот прволигаш Охрид, додека пак Бутел ќе игра домашен терен против Мега Баскет.

Екипата на Црн Дрим ќе се соочи со Академија ФМП. Овие натпревари ќе бидат одиграни в сабота.

Работнички против Борец Баскет ќе има тежок меч каде гостинот е фаворит за нов триумф, МЗТ Скопје против фаворитот Маџари кој ќе сака враќање на победите и како што најавивме Соколи против Ангели во супер-дербито кое се игра во Штип.

Александар Ванев, М-Нет