
Јаболка, мандарини, ореви, бадеми, костени, суви смокви, сливи и урми најбарани на денешниот пазарен ден во Штип. Граѓаните купуваа исклучиво за Бадник и трпезата која што како што велат треба да е полна и богата. За М-Нет телевизија тие истакнаа дека цените се речиси складни, па затоа си дозволија од се по нешто.
Цените според продавачите се евтини, но велат дека овој петок е по слаба побарувачката, споредбено со минатите петоци.
Инаку, овој петок се продаваа и бадникови гранчиња, кој се продаваа до 20 денари. Се продавааше и домашни разновидни чаеви, а најдоминантни беа сушените овошки.
Лаура Стојанова, М-Нет