
Беласица го доби дербито во Штип против Брегалница со минимални 0:1, а тренерот на струмичани Панче Стојанов, вели дека е задоволен од резултатот, но не и од играта, бидејќи како што ни изјави, неговиот тим можел многу повеќе.
„Задоволни сме од резултатот сигурно, дојдовме да победиме и во тоа успеавме. Инаку, гледајќи ја играта не сум задоволен, сигурно е дека мојата екипа може многу повеќе. Но, најважно од се е тоа што овие дерби натпревари не се играат туку се добиваат. Излеговме со една цел, да го добиеме натпреварот имавме и среќа при промашениот пенал на противникот, а на крајот не посака среќа и дадовме еден гол и го добивме натпреварот. Ќе кажам уште еднаш од играта не сум задоволен, има доста работи што треба да се поправат, но на крај штом победуваше тоа е одлично“, ни изјави Стојанов по мечот во Штип.
Во следното коло Беласица дома ќе игра против Новаци, а Брегалница ја очекува тешко гостување кај непоразениот лидер Шкендија Арачиново.
Александар Ванев, М-Нет