
Денес Црвен Крст Штип во соработка со Регионалниот центар за трансфузиона медицина и Општина Штип реалзира крводарителска акција која се одвива во просториите на Општината. Крводарителската акција е започната од 9 часот и ќе трае до 15 часот. Бројот на крводарители е многу значаен, па затоа Општинската Организација на Црвениот Крст упатува голема благодарност до сите крводарители кои својата хуманост ја истакнуваат на дело со донирање на скапоцената течност која спасува живот.
„Во соработка со Регионалниот центар за трансфузиона медицина на Штип и Општина Штип денес се реалзириа крводарителска акција во посториите на Општина Штип од 9 до 15 часот. Сакам да упатам голема благодарност до сите крводарители кои се вклучија во ова крводарителска акција денес, затоа што имаме досега голем број на крводарители кои што ја даруваат течноста која што спасува живот.“ – изјави Димитровска
До претпладневните часови бројот на крвни единици изнеусвал 30, задоволителен број, бидејќи температурите се многу всоки, а и повеќето граѓани користат годишен одмор.
„Досега има околу 30 крводарувања, на ова крводарителска акција, меѓутоа со оглед на тоа што има уште некој час до завршетокот на крводарителската акција очекуваме дека овој број ќе биде уште поголем.“ – додава Димитровска
Додаваат дека бројот на крводарители се зголемува во попладневните часови, со што до крајот на крводарителската акција, односно до 15 часот очекуваат зголемување на бројот на крвни единици.
Лаура Стојанова, М-Нет