
По седумневната изолација на лекарите од одделението за Кардиологија во Клиничката болница Штип, работењето од денеска се враќа во нормала. Здравствените работници од ова одделение од денеска се вратија на работа и почнаа со прием на пациенти, со што нема да има препраќање на пациенти од Источниот дел на државата на прегледи на Крадиологија во Скопје. Од сите вработени кои беа во изолација од Клиничката болница Штип, информираат дека само еден вработен покажал дека е позитивен на Ковид 19. Но, нормализација нема и на одделот за Физикална медицина при Клиничка болница Штип. Моментално таму работи само еден општ лекар и медицински сестри. Се очекува во текот на денешниот ден да се потпише договор со кој специјалист од Скопје ќе доаѓа еднаш или двапати неделно и ќе врши преглед на пацинетите.
Во врска со ковид пацинетите ситуацијата во Клиничката болница Штип е вообичаена. Хоспитализирани се 37 пациенти од кои 33 на Инфективниот оддел и 4 на оддело за анестезиологија. Инаку денска 40 здравствени работници од Клиничката болница Штип ја примаат руската вакцина „Спутник В“ во Скопје.
Лаура Стојанова М-Нет