
Со тивок плач, скршено срце и сеуште пресна рана на душата, семејствата на настраданите од пожарот во кочанската дискотека ,,Пулс“ денес излегоа на протест. Почнувајќи од градскиот парк Кочани кон трговскиот центар, потоа општината, полицијата и на крај завршувајки пред основниот суд и обвинителство Кочани тие масовно се движеа. Пред секоа една институција застанувајќи, тие ги креваа високо фотографиите на загинатите, како и транспарентите на кои јасно се читаа нивните пораки како ,,Oва не е несреќа, ова е убиство“, ,,Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, ,,Стоп за селективната правда“ , ,,убијци.“ и сл. Една од мајките на загинатите на глас на секое едно застанување извикуваше ,,Кој го уби мојот ангел, кој го уби мојот херој и кој го пеплоса тоа ангелско лице, не само моето, туку сите други деца“, а длабоко во себе на секој родител одѕвонуваше истото прашање. Инаку, Протестот масовно беше подржан од граѓаните на Кочани, кој длабоко во себе ја сочувствуваат болката, која кобната ноќ го зави градот и државата во црно. Организаторите на денешниот марш исто така јасно потенцираа дека беа согласни за да се изврши снимање на настанот, со цел јавноста знае дека тие за правдата на нивните деца ќе се борат до крај. Покрај во 12 часот, денес протест има и во 16 часот, овојпат за обезбедувањето во дискотеката, кој истата ноќ вадеа лица од пожарот.
Иван Митев, М-Нет