Со интонација на химната и музички точки учениците од ООУ„Тошо Арсов“ го одбележаа своето 47 годишно постоење. Директорката на училиштето Максимова вели дека дечињата неуморно работеле и се спремале со своите наставници.
„Основното училиште „Тошо Арсов“ денес слави 47 години од своето постоење. По тој повод органзиравме приредба во која што се вклучени учениците и самите наставници. Мототот на овој патронен празниик е визија, инклузија, фузија. Бидејќи инклузијата не треба да биде само концепт, туку начин на живот и идеал во кој што ние сите треба да се стремиме.“ – изјави Максимова

Годинашното мото на учениците гласи Визија, Инклузија и фузија со што треба да се стремиме кон жовотот и да си ги исполнуваме своите животни цели.
Лаура Стојанова, М-Нет