
Со пригодна манифестација, многу музика и игра денеска беа пречекани новозапишаните дечиња во детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип. Дечињата од поголемите групи подготвија манифестација за топло добредојде.
„Дечињата од големите приготвија пригодна програма со кој ќе им посакаат добредојде на новозапишаните дечиња и да им посакааат добредојде на дечињата кои беа запишани но летниот одмор го искористија да одморат малку.“ – вели Ангеличкова.
Оваа година има околу 100 новозапишани дечиња, а има и листа на чекање, но како што истакна директорката Ангеличкова, се прават напори истата да се намали. Летниот период се работеше и уредување на занималните со цел подобри услоови за дечињата.
„Од прилика околу сто дечиња новозапишани од сите возрасни групи, почнувајќи од јасли до голема група. Имаме одредена листа на чекање согласно просторните услови, но се трудиме да дадеме максимум бидејќи тоа се дечиња кои имаат потреба да тргнат во градинка од ноември, јануари и слично. Го искористивме летниот распуст да направиме темелна чистка“ – додава Ангеличкова.
ДГ „Вера Циривири Трена“ располага со капацитет од 600 дечиња кои можат да бидат згрижени.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет