
Пиперот денеска на пазарот еден од најбараните и најтрошени производи. Цената е пониска за 40 до 60 денари за килограм споредбено со претходниот петок, велат продавачите. Но додаваат дека од 80 денари пониска цената нема да биде оти нема производство, а нема ниту кој да работи.
„Па денеска пиперот, не е многу скап да ти кажам како што беше 180 денари сега падна на 140 до 120 денари килограм. Бара сем, тоа е најосновното јадење во куќата. Цената на пиперот ќе падне дополниетлно уште, ама под 80 денари нема да падне. Нема производство, нема кој да работе, заради тоа нема и да падне цената, ова е уште од оранжерии“ – велат продавачите.

За купувачите цените се реални иако примањата им се ниски. Велат, краставиците, пиперот и доматите како најбарани се со реални цени за овој период од годината.
„За нас скап е оти немаме пари, а онака не е скапо. За нас е скапо оти ние немаме пензии, они си качија 80%, на нас 700 денари. “ – велат купувачите.
Денеска на пазарот во Штип имаше голема раздвиженост, додека побарувачката беше делумно задоволителна. Сезонскиот зеленчук и овошјето беа на листата најбарани производи.
Лаура Стојанова М-Нет