
Со положување свежо цвеќе и поклонување пред споменикот на борците на тврдината Исар во Штип, претставници од локалната самоуправа, делегации, политички партии и пријатели , го одбележаа 11 октомври, ден на востанието на Македонија. Претседателот на сојузот на борци Штип Петар Мицевски, на самиот настан им го честита празникот на целиот македони народ, додавајќии дека годинава навршуваат 85 години од почетокот на народното востание и 79 од формирање на Сојузот на борци Штип.
Мицевски истакна дека наша должност и одговорност е да ја браниме татковината и да ги зачуваме придобивките стекнати со Народноослободителната борба.
Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври, државен празник што се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.
Eва Тушевска, М-Нет