
Божиќните пости кои започнаа на 28 ноември завршуваат вечерва на полноќ. Времетраењето на овие пости беше 40 дена, кога нашиот организам беше научен на посна храна. Постот не преставува отежнување на организмот, туку напротив целосно чистење како на организмот така и на душата на поединците. Период кои следува по постот, треба да биде балансиран со цел да не се дојде до несакани нагли последици.
„По секој пост треба да се доведе организмот до еден баланс, т.е. да не се конзумира прекумерно храна која ни била забранета, храна од животинско потекло, затоа што на организмот треба да му се овозможи една адаптација.“ – истакна Соколоска, нутриционист.
Со внесување на повеќе зеленчук и овошје, и постепено внесување на продукти од животинско потекло на најлесен начин може да се постигне балансот во организмот.
Најчесто, по постот луѓето се доведуваат во ситуација на прејадување, односно нагло конзумирање на се она што не можеле да го јадат за време на постот. Заради тоа од голема важност е мешањето на храната. На пример ако јадеме месо со ориз или компир на огранизмот му е потребно 5 часа за да ја свари таа храна, со што доаѓа до надуеност, повраќање итн. Соколоска со апел до сите да се внимава на исхраната по постите.
Лаура Стојанова М-Нет