
Започна уредувањето со павер елементи на платото кај Основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип. Откако заврши првата фаза однсно решавање на проблемот со излевање на фекалната канлизација се пристапи кон втората фаза односно уредување на просторот со павер елементи. Градоначалникот Иван Јорданов, од лице место посочи дека со ова се решава еден заборавен долгогодишен проблем во Штип.
„Овде се започнува со уредување на платото пред самото основно училиште и пред влезовите на станбената зграда. Овде долги години се создаваше проблем со излевање на фекалната канализација. Во изминатиот месец екипите на ЈП Исар работеа на санирање на овој долгогодишен проблем кој ги засегаше и станарите од станбените згради и самите ученици. Го решивме тој проблем и сега се навлегува во втората фаза, а тоа е уредување на самото плато.“ – вели Јорданов.
Во меѓувреме се работи и на неколку останати локации во Штип, уредување на улици, тротоари и влезови пред станбени згради со што се подобруваат условите за живот на граѓаните.
„Се заврши улицата Милојкова во Ново Село која партерно се уредување. Наредните денови треба да се работи на улицата Партизанска, како и довршување на улиците Енгелсова и ЈНА во населбата Осми Ноември.“ – додава Јорданов.
За завршување на сите овие зафати се издвоени половина милион денари од Буџетот на Општина Штип. Со овие средства се реши проблемот со фекалната канлизација и уредување на самото плато со павер елементи.
Лаура Стојанова М-Нет