Со одлични резултати се вратија штипските каратисти Љупче Михајлов, Марко Џорлев и Драгана Ефтимовска од Пореч Хрватска

Со одлични резултати се вратија нашите каратисти Љупче Михајлов. Марко Џорлев и Драгана Ефтимовска од Пореч Хрватска. Љупче ја започна сезона со осфоено трето место, додека Драгана Ефитимовска се пласира на петата позиција по четири убедливи победи. Уште еден голем успех запиша и штипјанецот Џорлев, кој во воведните борби победи каратисти од Хрватска (4:0) и Белгија (4:0), пред да загуби од Чешка. Тренерот Жарко Арсовски е задоволен, но уверува дека ова е само почеток и дека следните турнири ќе донесат нови успеси

,,Туку што се вративме од Пореч Хрватска и се враќаме со одлични резултати. Се чувствуваме прекрасно. Љупче Михајлов го започна првенството одлично со освоеното големо трето место. Морам да кажам дека за влакно не влезе во финале, но сепак ова нема да застане, туку ќе гледаме наредниот пат да биде и во финалето, затоа што не го освои златниот медал. Многу близу до медал беше и нашта Драгана Ефитимовска, која беше докажан каратист на многу турнири. Таа го освои големото петто место, имаше дури четири победи, но сепак не беа доволно да освои медал. Во финалето минимално изгуби со 2-1 од репрезетативката од Азербеџан.“, рече Арсовски

Љупче Михајлов истакна дека е презадоволен од својот настап и дека по серија убедливи победи, најголемото искушение било финалето со европскиот шампион од Украина. Иако загубил со тесен резултат 6-4, тој успеал да се врати во победнички ритам и да го освои бронзеното место по победата над противникот од Словачка.

,,Јас имав шест броби. Првата броба беше со Холандија, која ја победив 5-2, втората со чешка која ја победив 8-0, третата соо Австрија 4-1. На крјаот се соочив со противник од Полска, го победив со резултат 1-0 и за финалето се соочив со европскиот двократен шампион од уКраина. Со него беше тесна борбата, јас го водев, па тој, па јас. На крајот загубив со 6-4. За бронзениот медал се соочив со противник од Словачка кој го победвив 3-0 и така го зазедов третото место.“, додава Михајлов. Јас сум презадоволен од мојот настап.

Драгана Ефтимовска се враќа со честа и искуство од турнирот, по победите над Грција и Кипар, но и по тесната битка за бронзата, која на крајот ѝ избега.

,,Првите две ги победив против Грција и Кипар, потоа загубив од Хрватска. Потоа во репресажот ја победив првата против Грција и втората со Италија, а третата за бронзен медал ја загубив.“, истакна Ефтимовска

Голем успех за македонското карате и особено за Карате клубот Штип! Младите каратисти Љупче Михајлов и Марко Џорлев се закитија со бронзени медали на силниот меѓународен турнир – Младинската светска карате лига што се одржа во Пореч, Хрватска.

Иван Митев, М-Нет