
Празникот Успение на Пресвета Богородица со музика, песна и вкусен ручек се прослави во кочанското село Јастребник. Верници од Кочани и околината со погача, вкусно манастирско гравче и ориз, го чествуваа празникот кај народот познат како Голема Богородица. Традиција останата осд стари времиња која се практикува и денеска, велат повозрасните, ама децидни дека млади има се помалку кои ја продолжуваат понатаму.
ИЗЈАВА 130353 Драги Златков член на црковен одбор 00.12 пред 00.54 празник
„Пред одредено време од нашите предци е постојало и продолжува да постои оваа традиција. Ама за жал нема млади, но и условите толку ни дозволуваат. Кој може дојде.“ вели Златков.
Селото Јастребник се наоѓа на 950 метри надморска височина, на јужните падини на Осоговските Планини. Овде се наоѓа и манастирот Успение на Пресвета Богородица. Освен празникот Успение на Пресвета Богородица во селото ги прослававуваат и празниците Свети Илија и Свети Ѓорѓи победоносец.
Инаку, Јастребник го сочинуваат девет маала, а според последниот попис во 2021 година таму има само единаесет жители.
Лаура Стојанова, М-нет