Урошевиќ ќе им суди на Беласица и Охрид, Тефику главен во Штип, Бафто главен во Велес!

Во недела на програмата се натпреварите од 3. коло од Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум натпревари.

Боби Величков ќе го суди мечот меѓу Скопје и Вардар Неготино, Игор Иванов ќе им суди на Кожуф и Осогово, Спире Арсов ќе биде главен во Радовиш каде играат Детонит Плачковица и Вардарски, а пак Ндерим Тефику ќе им суди на Брегалница и Каменица Саса.

Фатмир Бафто ќе ја дели правдата на мечот меѓу Борец и Новаци, Благојче Ралевски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Борец и Новаци, Бењамин Ќерими ќе им суди на Арсими и Башкими, а пак Александар Урошевиќ ќе им суди на Беласица и Охрид.

Сите натпреварите ќе започнат во 16 часот, освен мечот меѓу Беласица и Охрид кој ќе се одигра во ноќен термин од 20 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 3. КОЛО ВМФЛ 2024/2025:

Скопје – Вардар Неготино, Боби Величков (Велес)
Кожуф – Осогово, Игор Иванов (Велес)
Детонит Плачковица – Вардарски, Спире Арсов (Кочани)
Брегалница – Каменица Саса, Ндерим Тефику (Куманово)
Борец – Новаци, Фатмир Бафто (Велес)
Македонија ЃП – Победа, Благојче Ралевски (Битола)
Арсими – Башкими, Бењамин Ќерими (Скопје)
Беласица – Охрид, Александар Урошевиќ (Тетово)

Александар Ванев, М-Нет