
Низа активности по повод патрониот празник релаизираше ООУ „Климент Охридски“ во село Облешево. Изминатата недела учениците од ова училиште, но и учениците од основното училиште во Зрновци и основците од кочанското училиште „Никола Карев“ цртаа на тема „Македонското историско и културно наследство“.
„Ние како училиште понудивме повеќе активности во текот на оваа измината недела, што значи во претходните денови органзииравме ликовна колонија на која учениците од нашето училиште и од училиштето „Синиша Стоилов“ – Зрновци и „Никола Карев“ – Кочани имаат свои преставници и изработуваат ликовни изработки на тема „Македонското историско и културно наследство“. Тие ќе бидат изложени во холот и на самата свеченост која ја подготвуваме.“ – вели Костадинов.
Во склоп на одбележување на патрониот празник се засадија и дрвца со симболично значење во училишниот двот во централното училиште во село Облешево. Гинко дрвцата се со симболика на долговечност, а децата ги засадија за здравје и пораки за мир.
„Во склоп на тие активности имавме и засадување на гинко дрвце кое ни е донација од еден наш иселеник од нашата општина. Тие дрвца ги засадивме во парковите во нашето централно училиште и подрачните училишта. Гинко дрвцето е симболика на долговечност, здравје и затоа преку таа симболика сакаме на сите наши сограѓани да им ги честитаме празниците“ – додава Костадинов.
Главната свеченост е денеска и ќе се одржи во спортската сала во ОУ „Свети Климент Охридски“ во село Облешево.
Лаура Стојанова М-Нет