
Со шише ладна вода, вклучена клима и лесна облека, граѓаните почнаа да се штитат од првите повисоки температури. Велат дека внимаваат кога излегуваат надвор, па обврските ги завршуваат најдоцна до 11 часот претпладне. Остатокот од денот го поминуваат во разладени и проветрени простории. Истакнуваат дека ги следат препораките на лекарите – внесуваат повеќе течности и внимаваат на исхраната.
Од Управата за хидрометеоролошки работи за М-Нет телевизија информираат дека во наредните денови времето ќе биде сончево и топло, со дневни температури над 30 степени. Во југоисточниот регион се очекува тие да достигнат од 34 до 35 степени.
,,Времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот со слаби условиво југоисточните делови за појава за локална нестабилност. Tемпературите до 34 степен во југоистокот.“, кажа Цветковска-Атанасова
Совети за заштита од високите температури упатуваат и лекарите. Особено хронично болните и повозрасните лица треба да внимаваат на исхраната, да внесуваат доволно течности и да носат лесна облека. Препорачуваат движењето на отворено да биде во утринските часови, додека најтоплиот дел од денот да се поминува во разладени простории.
Иван Митев, М-Нет