Со курбан, бакнување рака на постарите и делење храна на сиромасите, се слави Курбан Бајрам во Штип

Со принесување курбан, делење храна на сиромашните и традиционално бакнување рака на постарите, верниците од муслиманска вероисповед денеска го одбележуваат Курбан Бајрам – еден од најголемите празници во исламската вера. По утринската бајрамска молитва во штипската џамија, семејствата се собраа во своите домови за подготовка на празничната трпеза со роднините, соседите и оние на кои помошта им е најпотребна. Празничната атмосфера особено ја разубавуваат најмладите, кои одат од куќа на куќа, честитајќи го празникот, а домаќините ги даруваат со бомбончиња, слатки и пари.

Покрај роднините и пријателите, муслиманите и годинава ги пречекаа и своите соседи и пријатели христијани. Заедно си го честитаат Курбан Бајрам, исто како што за Велигден муслиманите одат кај христијанските семејства и го споделуваат празнико

Оџата Ердован Шабановски од штипската џамија на верниците им посака пред се здравје, среќа, мир и љубов, истакнувајќи дека токму тие вредности се неопходни за човекот да живее во хармонија

Курбан Бајрам и годинава се одбележува во духот на традицијата, почитта и семејните вредности. Празникот носи порака за хуманост, меѓусебно разбирање и грижа за оние на кои им е најпотребно. Верниците посочуваат дека токму ваквите денови ги зближуваат луѓето и ја зајакнуваат заедницата.

Иван Митев, М-Нет