Со желби за здравје, мир и бериќетна година денеска се слави празникот Благовец

Денеска православните христијани го слават празникот Свето Благовештение или кај народот познат како Благовец. Овој празник е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвета Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка, но и со самиот Исус Христос. и затоа се смета за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица станала Божја мајка. Овој ден се смета и за ден на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Граѓаните во Штип со пораки за здравје, мир и берќит, ги посетија црквите и запалија свеќа за здравје.

Наутро денот да се започне со благо, се оди на црква, дел од граѓаните слават именден, родители на овој ден им ставаат обетки на нивните деца. Штипјани велат адети поврзани со денешниот празник има многу кои останале од претходни и се практикуваат и ден денеска.

Празникот Благовец се вбројува во постојаните празници и секогаш се слави на 7 април.

Лаура Стојанова М-Нет