Со богата програма и вкусен ручек село Софилари ги кани заинтересираните по повод празникот Св. Јоаким Осоговски

Со посна манастирска јанија и убава македонска музика, мелем за душа, манастирот во село Софилари ќе го одбележува празникот посветен на Св. Јоаким Осоговски. Бидејќи предвечерието на празникот се паѓа точно во посен ден, јадењето ќе биде исто посно, вели организаторот Александар Ангеловски и додава дека за утредента веќе ќе имаат мрсна трпеза.

“Оваа година гост ќе ни биде за музиката Спасен Силјановски и во тоа име ги поканувам сите заинтересирани кои што сакаат да не посетат. Спасен ќе биде 28 ми вечерта, после седум часот. Вечерта ќе биде посно, бидејќи е посен ден и ќе правиме компир посен со ориз, а утредента има печено јагнешко.”, вели Ангеловски

Организаторот Ангеловски, топло ги поканува сите заинтересирани верници, роднини, пријатели, но и сите граѓани на државата и страство да повелат на овој празничен ден и заедно да се провеселиме, како што знае да рече тој.

“Низ цела држава сите ги поканувам, да ја зголемиме веселбата, да направиме поубаво и за селото, но и да видат дека има што да се види, но и на еденч начин да го вратиме барем малку селото во живот.”, додава Ангеловски

Инаку, Ангеловски веќе повеќе од една деценија го гради истоимениот манастир се со цел да создаде сожовот помеѓу лугето, но и традиција како повод врз која лугето ќе се собираат и ќе имаат можност да уживаат. Она што останува понатаму како план и дел од овој комплекс е да се продолжи внатрешното уредување на црквата посветена на светителот, како и средување на иконостасите со кои ќе се придонесе целата духовна атмосфера.

Лаура Стојанова, М-Нет