Сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип, има повредени

Сообраќајна несреќа меѓу две патнички моторни возила на експресниот пат Штип – Кочани, на влез во Кочани. Според првичните информации, има лица кои се со тешки телесни повреди. Експресниот пат од утринава беше во прекин, а возилата се пренасочуваат по стариот регионален пат. Увид се врши од страна на увидна екипа од ОВР Кочани. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.