
Киноверзум Штип од денеска официјално доби 3Д опрема. Со инвестиција вредна шест милиони денари се постави нов кино проектор, ново кино платно и опрема за 3Д проектирање. Со ова се нуди подобро кино и подобро искуство за граѓаните, согласно она што се покажало како потреба изминатиов период.
„Денес свечено ја пуштаме во употреба 3Д опремата во Киноверзум Штип. Ова е наше второ кино со 3Д опрема. Веќе трета година работиме во Киноверзум во Штип и со тоа ја согледавме потребата на граѓаните да пружиме подобро кино и искуство.“ – вели Ѓорчева.
Моментално кино со 3Д проекција има во Штип и Свети Николе, со тенденција да се постави и во останатите градови.
Киноверзум во Штип беше отворен во средината на 2023 година, од кога се прикажуваат различни филмови за сечиј вкус. Младите велат дека ова е од големо значење за нив, бидејќи по долги години без кино имаат место за дружба и за добар филм.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет