
Утре ќе се одиграат натпреварите од 4. коло во вонреден термин во Втората македонска фудбалска лига. Минатиот викенд се одиграат натпреварите од петтото коло, а веќе утре ќе се одиграат натпреварите од четвртото коло. Познати се и судиите кои ќе судат на сите осум второлигашки натпревари.
Сашко Ристов ќе им суди на Вардар Неготино и Охрид, Бењамин Ќерими ќе им суди на Башкими и Беласица во Куманово, Христијан Божиновски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Победа и Арсими, а пак Боби Величков ќе им суди на Новаци и Македонија ЃП.
Ангелчо Ристов ќе ја дели правдата во Македонска Каменица меѓу Саса и Борец, Благојче Ралевски ќе им суди на Вардарски и Брегалница во Богданци, Кирил Смоквоски ќе суди во Кочани каде ќе се соочат Осогово и Детонит Плачковица, а пак Фуркан Идиризи ќе им суди на Скопје и Кожуф.
Натпреварите од вонредното четврто коло на Втората македонска фудбалска лига ќе започнат во 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет