
Околу 70 производи од денеска во маркетите треба да се продаваат по пониски цени. Со есенската кошничка се опфатени брашното, лебот и пекарските производи, тестенините, оризот, зејтинот, месото, млечните производи, јајцата, овошјето и зеленчукот, теглите со ајвар, шеќерот, млечното чоколадо, повеќе видови зачини и меленото кафе. Одлуката е објавена во Службен весник и од денеска се очекува граѓаните да почнат да ги чувствуваат промените од намалените цени на производите. Премиерот, Хрситијан Мицкоски, посочи дека целта е граѓаните да може да пазаруваат се што им е потребно по нормални односно намалени цени.
„Очекувам тоа што беше договорено да биде и исполнето. Мерката да стартува денеска, очекувам намалување за минимум 10% , оваа мерка ќе трае до крајот на октомври и опфаќа 70 производи.“ – вели Мицкоски.
Штипјани кои од утринава биле на пазар велат се забележуваат промени на цените а поризводите, односно има намалување. Очекуваат овие цени дападнат дополнително за да може да ги чувствуваат промените.
Инаку, Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа кошница, треба да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Во есенската потрошувачка кошница, според Владата, се вклучени прехранбените производи што најмногу ги користат граѓаните. Во наредниот период ќе има и Новогодишна кошничка, пролетна, кошничка за Рамазан и слично.
Лаура Стојанова М-Нет