
Случајот со БК Олимпија и Боречката федерација на Македонија и понатаму тапка во место. Веќе четврта година по ред БК Олимпија е на одвор од натпреварувачката ареан на боречката федерација на Македонија, па спортиситите настапуваат за други земји, потенцираат од клубот. По писмена реакција од нивна страна се потенцира дека федерацијата и понатаму врши дискриминација кон БК олимипија, однонсо кон борачите од 9 до 18 годишна возраст.
„Нашите спортисти како што е Андреа Нисева настапуваат за други земји, додека нашата држава собира спортисти од руските земји без никакво образложение пред федерацијата и македонската јавност. Или, ова е уште еден доказ дека станува збор за личен интерес о едно бледо преставување дека сме способна боречка федерација со самовластие. Иако ги имаме платено сите казни по барање на федерацијата и нивното лажно ветување дека по подмирување на истите ќе настапуваме на домашни првенства, сега бараат да поднесеме документација до федерацијата за нашите 50 деца спортисти да настапуваат под самата боречка федерација, што е неприфатливо“ – се навдува меѓу другото во писменото соопштение.
Претседателот на Боречката федерација на Македонија, во телефонски разговор за М-Нет телевизија по однос на овој случај истана дека заглавиле на точка два. Парите за казните се уплатени на сметка на федерацијата, ама не се повлечени сите тужби од нивна страна.
„Не може да дадете некој да управува автомобил ако нема добиено возчака дозвола. Исто е и во спортот. БК Олимипија ја имаат завршено првата точка од нашиот договор за да ги уплатат парите за казни, ама застанаа на точка два. Требаше да се повлечат сите тужби и да се достави доказ од судска архива за нивно повлечување. По тоа ние немаме никаков проблем БК Олимпија да биде член на Боречката федерација“ – кажа Богданов за М-Нет.
Проблемот меѓу БК Олимпија и Боречката федерација на Македонија се провлекува со години, на што од Олимипја потенцираат дека на ваков начин се уништува спортот во државата.
Лаура Стојанова М-Нет