
Слога Виница со 0:3 славеше во дербито на колото над екс прволигашот Хоризонт Турново на „Кукуш“, каде момците на Емил Грнев запишаа нова победа за четири од четири. Екипата на штипскиот стратег дојде до рано водство со голот на Игор Ѓорѓиев постигнат во 14. минута за 0:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме екипата на Слога Виница веднаш дојде до 0:2 со голот на Дарко Николов, а во 87. минута Михаил Воинов постигна гол за конечни 0:3.
Светлост на домашниот терен во Зрновци се соочи со Брегалница од Делчево каде паднаа пет погодоци за победа на гостите со резултат од 2:3. Стоиловски по две минути игра ја донесе Брегалница до водство, а по само три минути Лазаров погоди за 1:1. Веќе во 24. минута Илиев постигна гол за 1:2, а во 27. минута одново Светлост преку Станојев дојде до ново израминува на 2:2. Не требаше многу веќе во 34. минута Ратков постигна гол за 2:3 на полувреме, а во вториот дел немаше погодоци.
Тиверија преку пресврт славеше во Пирава со резултат од 2:3 над Ударник. Пандевски донесе водство за струмичани по шест минути игра, а пак Митровски и Грбашлиев обезбедија предност за домаќинот од 2:1 на полувреме. Во вториот дел Тиверија преку двата гола на Никола Трајков направи пресврт за победа од 2:3 над домаќинот.
Дојранско Езеро ја запиша првата сезонска победа, откако на домашен терен преку пресврт славеше над Малеш од Берово со резултат од 3:1. Гостинот од Берово по само две минути игра дојде до водство со гол на Левков, резултат со кој се замина на полувреме од минимални 0:1. Во полувреме домаќинот дури во 71. минута дојде до 1:1 кога Митков погоди, а веднаш потоа со два брзи гола на Јанкулов и Илиев екипата на Дојранско Езеро стигна до триумф од 3:1.
Овче Поле на гостување кај екипата на Карбинци запиша победа од 0:2 со погодоците на Андроников и Сарафимов.
Слога Виница со максимални 12 бодови е на врвот од табелата, а зад Слога е Овче Поле со 10 бодови.