Петров: Ќе биде тешко против Тиквеш, очекувам поддршка од публиката за триумф и радост на радовишани!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Радовиш утре во рамки на 6. коло од ракометната Суперлига на домашен терен ќе ја бара првата победа против Тиквеш, екипа која е во резултатска криза.

Ракометарот на Радовиш, штипјанецот Васе Петров, во изјавата за М Нет телевизија истакна дека иако Тиквеш е во резултатска криза, сепак е претендент за место во плеј-оф, но и место за Европа, но додава дека доколку одиграат цврста одбрана, а во нападот ги искористат своите шанси, тогаш вели дека има на што да се надеваат, секако со поддршка на публиката.

Натпреварот се игра утре со почеток од 18 часот во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш.

Александар Ванев, М-Нет