Тренерот Јане Николовски и Победа се разделија!

ФОТО: Александар Ванев, телевизија М Нет

Седмата рунда од Втората лига донесе нова тренерска промена, откако Победа и тренерот Јане Николоски се разделија.

Денес прилепчани забележаа пораз од 3:1 од екипата на Башкими во Гостивар, а по мечот клубот соопшти дека со меѓусебен договор е прекината соработката.

„Со ова соопштение, ФК Победа сака да информира дека, по взаемна согласност, клубот и тренерот Јане Николоски решија да го прекинат својот професионален ангажман. Клубот му се заблагодарува на Јане Николоски за неговата посветеност, труд и сите достигнувања што ги постигнавме заедно за време на неговиот мандат. Се надеваме дека ќе има успех во сите негови идни професионални потфати. Нашиот фокус сега е на избор на нов тренер кој ќе продолжи да го води тимот кон нови предизвици и успеси. Клубот останува посветен на својата цел да обезбеди најдобри услови за своите играчи и навивачи“, се вели во соопштението на ФК Победа.

Репрезентативната пауза ќе биде добредојдена за Победа со цел да добие на време за да назначи нов тренер.