Ситуацијата со Ковид 19 во Истокот останува стабилна, починати лица нема

Бројот на лица заразени со ковид 19 во општините од Истокот идентичен. Нема зголемување на бројот на новоинфицирани пациенти и повторно нема регистрирано ниту едно починато лице.

Во штипската Клиничка болница вкупно хоспитализирани се 28 ковид пациенти во модуларната болница, 16 имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 23 кревети истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската модуларна болница хоспитализрани се 7 пациенти, 6 од нив се на кислородна поддршка, слободни се 28 кревети, посочи директорот на болницата Александар Серафимов.

Според информации од Министерството за здравство, досега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040.

Лаура Стојанова М-Нет