Силекс ја “прегази” Победа со “петарда” среде Прилеп, реми во Струмица, три бода за “лавовите” и Струга

Академија Пандев и Шкупи го поделија пленот играјќи 1:1 во Струмица.

Шкупи рано остана без Адем, откако заработи црвен картон, но и тоа не беше проблем, Маргбелашвили да ја стресе мрежата за водство на шампионот од 0:1 во Струмица по првите 45. минути.

Во вториот дел Велиновски погоди за конечни 1:1 и голем бод за “пандевци”.

Лидерот Струга Трим Љум со минимални 0:1 го доби Работнички во Маџари.

Струга Трим Љум прва дојде до водство на „Борис Трајковски“ против Работнички со голот на Малевски во 29. минута, а до крајот на мечот немаше промена на резултатот.

Силекс одново ја “тресна” Победа среде Прилеп со убедливи 1:5.

На полувреме Силекс имаше водство од 0:2 , откако кратовци по само шест минути игра преку Рамани ја отворија Победа за 0:1. Пред крајот на првиот дел Серафимовски постигна гол и ја дуплираше предноста од 0:2.

На стартот од вториот дел Победа преку Јованов намали на 1:2 и се врати во трка барем за бод, но Манасиевски брзо зголеми за Силекс на 1:3.

Во финишот Ѓорѓиевски со два гола ја “уништи” Победа за конечни 1:5 и нов висок триумф за Силекс над Победа.

Три бода за Македонија ЃП, која со минимални 0:1 го доби Тиквеш. Во Кавадарци во првото полувреме мрежите мируваа. Во вториот дел Фазли погоди за минимален триумф од 0:1.

24 рунда од Првата македонска фудбалска лига ќе биде комплетирана утре со дуелот помеѓу Скопје и Шкендија на „Железарница“.