
Во тек се активностите за уредување на влезовите пред станбените згради на улицата Широк Дол во населба Автокоманда во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека на површините пред станбените згради ќе се нанесува асфалтна маса, бидејќи од самата изградба истите не се третирани, ниту пак уредени.
„Овде се продолжува со уредувањето на влезови пред станбени згради, ќе се нанесува асфалтна маса на површини кои што морам да истакнам дека откако се изградени овие објекти и станбени згради никогаш до сега не се истретирани. Со поставување на асфалтна маса ќе се овозможи уредување на овие пристапи, овие платоа и површини пред станбените згради.“ – изјави Јорданов
Временските неприлики и претходните дождови негативно влијаат врз извршување на активностите за асфалтирањето на улицата, но децицни дека во наредните денови ќе се асфалтира улицата Широк Дол.
„Веќе во наредните денови во населбата Автокоманда можам така да најавам дека ќе се асфалтира улицата Широк Дол која што заради врнежите од дожд е одложено асфалтирањето за неколку дена. Продолжуваме со активности и во другите населби во однос на уредувањето на пристапни влезови на станбените згради. Се работи во населба Сењак, 8.Ноември, еве во населба Автокоманда.“ – додава Јорданов
Паралелно на ова активност се работи и на уредување на пристапни влезови пред станбените згради, во населбата Сењак, 8.Ноември и Автокоманда.
„Паралелно на ова со оглед на тоа што веќе се предвидени активности и во другите населби секако дека кога ќе се завршат почнатите активности кои што во овој период се извршуваат, ќе се влезе и во други населби со третирање на тортоари и други улици. Секојдневно до нас како локална самоуправа стасуваат барање на жители за интервенции. Замолуваме за трпение затоа што располагаме со ограничени ресурси и верувам дека сето она кое што е нотирано како потреба, како никогаш претходно и како никогаш до сега ќе се работи со засилена динамика се со цел да имаме урабн и модерен град.“ – додава Јорданов
Јорданов дециден дека секојневно пристигнуваат барања од страна на граѓаните за интервенции на одредени локации. Бидејќи располагаат со ограничени ресурси, замолуваат за трпение, а секој лоциран проблем на граѓаните со засилена динамика ќе биде решен.
Лаура Стојанова, М-Нет