
Подобар живот, добра заработувачка и можност за добар одмор – ова се главните причини поради кои се работи надвор од државата. Дел од граѓаните заминуваат на сезонска работа, а голем дел од нив не се ниту враќаат. Голем број на граѓани периодов заминуваат на привремена работа во Хрватска и Италија и тоа го гледаат како можност за подобра финасиска состојба.
Граѓани за М-нет тв позитивно гледаат за случајот и децидно велат дека оваа можност покрај за помладите е добра и за повозрасните.
Во согласност со економската ситуација во државата во претходните години зголемен е бројот на активно иселување за околу 150.000 лица, што значи статистиката за забрзано иселување е зголемена и денес, со што во државата се јавува недостаток на работни лица.
Лаура Стојанова, М-Нет