
Од први февруари се зголемуваат поштенски услуги. Од Агенијата за пошти велат дека промена во ценовникот не е направено од 2009 година и дека при одобрување на новиот ценовник во предвид се земени инфлацијата, зголемените трошоци за струја од 40%, горивото за 30% и потребата од стабилни плати во АД Пошта.
„Писмото до 50 грама од 25 денари од следната среда поскапува на 36 денари. И препорачаната цена поскапува и таа сега изнесува 90 денари. Писмото до 100 грама сега наместо 34 денари, ќе биде 48 денари. Поскапуваат и писмата до 250 грама од 48 на 60 денари. Се зголемуваат и цените на услугата препорачано. Се намалува цената на писмата од 250 до 2.000 грама. Поскапува поштенската картичка од 9 на 16 денари. Се укинува и цената од првата зона за испраќање пакети и ќе важат само цените од втората зона.“ – стои во соопштението од Македонски пошти.
Одлуката за зголемување на поштенските услиги е негативна за граѓаните во Штип. И покрај тоа што тие не праќаат често пратки, велат дека зголмувањето сега е најмалку потребно. Истовремено додаваат дека не се во целост задоволни од услугите бидејќи честопати им доцна сметките за струја, вода и телефон.
“Па сега не сум имал пратка преку пошта, ама чека се, многу се чека. Многу се чека оти нема поштари. Ништо не е тоа. Не сме задоволни од услугата, се е тоа лук и вода.“ – велат граѓаните.
Од АД Пошта велат дека Пошта се соочува со тешкотии во своето работење од 2020 и дека просекот на поскапување на сите услуги чии цени се зголемуваат е 6,28 отсто. Досега неколку јавни претпријатија и агенции ги поскапеа цените на своите услуги и производи.
Лаура Стојанова М-Нет