
Овој викенд започна и новата сезона во Втората футсал лига со натпреварите од првото коло. По неколку години пауза се врати и футсалот во Кочани, но на воведниот меч дебитантот Фудбалс Старс загуби од тимот на Железарец со 4:2. Ланскиот прволигаш беше фаворит на овој меч и на домашен терен го потврди тоа со победа со што трите бодови останаа дома, а Железарец ќе цели кон враќање во Првата лига.
Ланскиот прволигаш Црна Река на домашен терен со 5:2 го доби тимот на Каршиака, а тимот од Кавадарци цели кон враќање во елитата.
Натпреварот во Свети Николе не се одигра откако тимот на Конзули од Битола не допатува на средбата со Овче Поле, па така домаќинот ќе добие службени три бода.
Партизан Југ на домашен терен во Брвеница со 11:2 го декласираше Карадкау, а пак СЕЕ Универзитет со 4:9 загуби од тимот на Кратово.
Александар Ванев, М-Нет