Сејдини вечерва поднесува оставка, ФФМ до крајот на годината добива нов претседател!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, вечерва поднесува оставка. Тоа што беше најавуваме изминатиот период дека Сејдини после двата натпревари против Летонија и Фарски Остров ќе поднесе оставка, тоа и се случува.

ФФМ ќе треба да ја потврди информацијата за поднесената оставка на Сејдини, а до крајот на годината ФФМ ќе го добие новиот претседател.

Како што се кружат информациите низ фудбалските кругови најголеми шанси има Масар Омерагиќ за следен претседател на ФФМ.

Александар Ванев, М-Нет