СВР Штип лиши од слобода три лица по распишани централни потерници за сторени кривични дела „тешка кражба“

На 17.03.2023 полициски службеници од СВР Штип по распишани централни потерници поради бегство од казнено-поправните установи ги лишиле од слобода: Е.М.(34) од Штип, за доиздржување казна затвор од 3 години и 6 месеци во Затвор Штип, Б.М.(31) од Штип, за доиздржување казна затвор од една година во Затвор Штип и С.И.(30) од Штип, за доиздржување казна затвор од три месеци во Затвор Струмица.
Во текот на денот лицата ќе бидат спроведени до надлежните казнено-поправни установи.