
Дерби-пресметката помеѓу Воска Спорт и Пелистер од 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, на барање на Министерството за внатрешни работи ќе се одигра во нов термин, односно во среда (22. март).
Одложувањето на дербито ја остава Воска Спорт без најдобриот играч против Пелистер. Бехар Фета, нема да може да биде на располагање на тренерот Берат Имери, бидејќи крилниот играч кој има најмногу голови во досегашниот дел од сезоната ќе биде со репрезентацијата на Македонија до 21 година, во Анталија, Турција.
Фета игра во одлична форма и важи за еден од најдобрите фудбалери на Воска Спорт, а тоа беше потврдено и со повикот во У-21 репрезентацијата на Македонија. Во досегашниот тек од сезоната во дресот на Воска Спорт, Фета постигна 15 погодоци.
Доколку натпреварот се одиграше во редовниот термин односно во сабота, тогаш Фета ќе можеше да настапи против Пелистер, но во случајот бидејќи истиот се одложува за среда, а причината за тоа е како што објави веќе телевизија М Нет, посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Охрид, па Фета веќе во недела вечер заминува за Турција на репрезентацијата, која ќе одигра пријателски натпревари против Летонија на 23. март и против Финска на 25. март.