СВР Штип – за време на изминатиот викенд 144 казни за неносење маска

Во текот на изминатиот викенд, според статистиката на МВР, за периодот  (20/21/22/23.11) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 144 прекршоци. Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 224 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1704 лица со вакви решенија.