Д-р. Сашко Николов: Здравјето на моите Штипјани е пред се!

На 13 декември, во Општина Штип и Пласница, ќе се гласа за нов градоначалник. Предизборната кампања која веќе е започната се одвива преку флаери, социјалните медиуми и преку телевизија. На тој начин ќе се спречат преголемите групирања, со масовни митинзи и собири, а кандидатите на дигитален начин ќе имаат можност да ја презентираат својата кампања. Денеска со свое обраќање до јавноста излезе и кандидатот од СДСМ, д-р. Сашко Николов.
„Пред се треба да си човек, потоа се друго! Целото мое знаење , целата моја енергија ја ставам на располагање на сите мои граѓани, на сите мои колеги здравствени работници. Како волонтер јас ќе бидам присутен секој ден, како што и впрочем сум присутен секое утро до 12 часот, во Клиничка болница – Штип, и целото мое знаење ќе го споделам со сите мои колеги“- беше дел од изјавата на д-р. Николов. Ова се втори предвремени избори на територијата на државата за време на пандемија. Се очекува гласањето за нов татко на градот под Исарот, да се спроведе согласно мерките и портоколите за заштита и превенција од ширење на корона пандемијата.

Лаура Стојанова М-Нет