Германската амбасадорка Анке Холштајн денес ја посети клиничката болница во Штип а поводот за денешната посета на Холштајн е донација на Сојузна Република Германија, амбулантско возило за потребите на итната медицинска помош. По иницијатива на германската влада во време кога Германија е претседател на советот на Европската Унија.
Повод за оваа средба е донацијата од владата на Сојузна Република Германија за болницата во Штип во вид на амбулантско возило за потребите на граѓаните од градот и околината. Се надевам дека ова медицинско возило доаѓа во вистинско време кога е потребна помош на државите од западен Балкан при пандемијата од Ковид 19. Со оглед на актуелните состојби главен акцент на нашето претседателство е справување со пандемијата и нејзините последици
Во периодот кога сите на планетата земја се бори со здраствениот непријател Ковид – 19 европската унија помага со 3,3 милијарди евра во кој Германија има учество со скоро една третина од посочениот износ. Возилото што денес е предадено на клиничката болница во Штип изнесува 38 000 евра а имлементацијата на донацијата се извршила преку министерството за надворешни работи на Германија.
Би сакал од мое име и од име на сите вработени во Јавната Здраствена Установа „Клиничка болница“ Штип упатам најголема благодарност за оваа голема донација која што ќе биде од голема помош за нас. Какои што јавноста знае клиничка болница претставува регионален центар за борба со корона инфекцијата лекуваме секојдневно голем број на пациенти од кои во последно време имаме висока бројка кои што се критично болни и понекогаш ситуацијата налага да некои од пациентите мораме да ги префрлиме за понатамошен третман во клиниките во Скопје или во некоја друга останата здраствена установа така да сигурниот и брзиот транспорт кој е овозможен и со оваа денешна донација ново амбулантско комбе комплетно адаптирано ќе биде во насока на тоа да ги спасиме животите на оние кои што имаат потреба од транспорт.
Штипската клиничка болница во својот ворен парк располага со вкупно шест возила од кои три вклучувајќи го денешното кое се гонира од германската влада се комплетно опремени со сите потребни медицински инструменти за реанимација и спасување живот а останатите три се опремени но се со толкав комлетен анражман.