
Свечно откриен споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј кај градската црква Свети Никола во Штип. Споменикот се наоѓа на местото на некогашното училиште во градот кое го носело името на светите браќа и ќе сведочи за едно минато време на описменување и иднина на образовен град како што е Штип.
„Најнапред нека е среќен празникот за светите Кирил и Методиј кои нашиот словенски народ го описменија. Денеска посебно се радуваме што овде каде некогаш постоело училиште сега е изграден и поставен овој споменик.“ – вели господин Иларион.
Споменикот е дело на уметникот Далибор Николвски, кој го работел речиси половина година. Зад себе Николовски има направено неколку бисти како и споменикот во Општина Зрновци.

Во оваа прилка Јорданов упати благодарност до сите чинители кои придонеле за денеска да може во Штип да се открие споменик, токму на денот кога се слави празникот Свети Кирил и Методиј.
„Штип е образовен центар, токму светиот Кирил ја проповедал брегалничката мисија, голема симболика на еден голем христијански ден. “ – додава Јорданов.
На настанот присуствуваа голем број граѓани кои сведочеа на откривањето на споменикот во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет