
Во Првата женска ракометна лига едно е сигурно – Атлетик сигурно ќе биде шампион и следната сезона ќе игра во Супер лигата. Тимот е без пораз и со максимален ефект оди кон историски влез во елитниот ракомет.
Борбата сега ќе биде за второто место кое води кон баражот за можен влез во Супер лигата. Таму битката ја водат Овче Поле СУ од Свети Николе и екипата на Ѓорче Петров 2.
Тимот од Свети Николе се наоаѓа на второто место со 24 бодови на своето конто, а пак скопскиот тим е трет со 22 бодови, но треба да се напомене дека Овче ПОле има натпревар повеќе од Ѓорче Петров 2.
Овие две екипи се соочија во рамки на 15. коло кога Овче Поле со 29:20 го декласираше Ѓорче Петров 2, а пак на првото нивно меѓусебни соочување Овче Поле загуби од Ѓорче Петров со 24:30, а на втората меѓусебна пресметка Ѓорче Петров 2 беше подобар со 19:18 од Овче Поле СУ.
Двете екипи уште еднаш ќе се соочат во клучен дерби меч во рамките на 22. коло, а овој меч речиси и ќе одлучи кој ќе биде втор, освен ако некоја од овие две екипи не направи неочекуван „кикс“ на останатите средби.
Александар Ванев, М-Нет