
Од сон и мака, па се до пронаоѓање на свети води, ктитотор Симо Костадинов од штипското село Кошево веќе 24 години е слуга на Бога. Да се служи на Бога не е лесно, бидејќи е потребна чиста совест, мире дух, срце полно љубов, но и неизмерна хуманост и помош за сите кој ја бараат . Без да знае, кај него доаѓаат дури луѓе од странство на кој исто преку сон им е покажано каде да бараат спас дали тоа за женидба, деца, здравје или некоја друга причина. Најпрво ја пронајдов водата на Св. Ѓорѓи Победоносец и дури прифатив имав многу тежина и мака вели Костадинов и додава дека тој дури е жив нема да одстапи од местото.
“ Сакаше јас да го избегнам и мислев дека целото тоа не е вистина. Пола година имав тежина и носев товар плус 60 килограми. Преку само сон, точно ме донесеа на местото и наредбите се божји и точно се знаеше како треба да се изграде и точно така е изградена.
По водата на Св. Ѓорѓи Победоносец, ктиторот ја пронаоѓа водата на Св.Софија и нејзините чеда Вера, Надеж и Љубов, а на крајот и на Пресвета Богородица.
Со советот верба, надеж и љубов, чичко Симо остави апел за младите тоа да го почитуваат, бидејќи за успешен живот тоа се основните компоненти за тој да биде убав.
Понатаму она што останува е тоа колку денес луѓето знаат да си ја почитуваат верата, но и да го негуваат својот внатрешен дух, кој вистински треба да е чист. Дали советот од психолозите да се негува умот е само доволен за да човек биде ментално здрав е прашање кое секој му пристапува индивидуално, но според чичко Симо лекувањето на умот и духот се тесно сврзани со Бога, претставено со верата, надежта и љубовта, како основни компоненти за одење правилно по патот на животот.
Лаура Стојанова, М-Нет