
Увозот на зеленчук, овошје, грав, ориз и слично почнува да ја декларира државата како увозно зависна. Од една страна стојат ветувањата дека земјата нема да биде зависна од увоз на производи, но од друга страна земјоделците тврдат дека призводството се налаува, нема кој да работи, нема мотивација кај младите. Главна причина за ова се ниските откупни цени вели Ѓорги Каракашев, но и богатењето на трговците на сметка на земјоделците.
„Секојдневно трошоците се зголемуваат за сметка на тоа цените стагнираат и сега дојдовме во една ситуација кога ние буквално сме без храна. За разлика од тоа трговците прават екстремни профити, на сметка на земјоделците. Ние сме сведоци дека откупните цени се многу ниски, на пример во пелагонискиот регион откупот на пиперка се движи 20 денари, а на пазарите е 40 до 50 денари.„ – вели Карашев.
Каракашев вели дека екстремно високите цени се резултат и на високата трговска маржа. Но, ја поздравува одлукатана Влада за намалување на маржите, надевајќи се дека истата ќе даде резултат.
„Тие екстремно високи цени се последица на тие високи трговски маржи што се движат од 100 па до 300%. Се тоа е на грбот на нардот, на обичниот граѓанин и тоа државата мора под итно да најде механизими да биде на некој начин исконтролирано. Порано имавме увоз од странство, сега и сами гледате ако немаме сопствено домашно производство ние имаме големи проблеми и ќе се соочуваме со поголеми проблеми.“ – вели Каракашев.
Мора да се стимулираат земјоделците да произведуваат со цел да не се доведеме до ситуацијата од земјоделска држава да бидеме увозно зависна или во краен случај да останеме без доволно храна за населението.
Лаура Стојанова, М-Нет