Саса до златен бод против Беласица, Гоцевски: Судијата е главен виновник што не земавме три бода!

ФОТО: Телевизија М Нет

Во тешката борбата за опстанок која ја води екипата на Каменица Саса може да заврши и со среќен крај, односно „рударите“ директно да опстанат во Втората лига.

Саса во Струмица преживеа откако успеа да извлече бод што беше примарна цел на „рударите“ на оваа тешко гостување, но тренерот Горан Гоцевски во изјава за М Нет вели дека главниот судија бил главниот виновник што неговата екипа не го освоила трите бода.

Пред Саса сега следува нов важен меч во борбата за опстанок против директниот конкурен Новаци на домашен терен.

По мечот во Струмица кој можевте да го следите на спорткиот канал М Нет Спорт, изјава даде и тренерот на Беласица, Александар Стојанов, кој направи кратка анализа на мечот, а додека дека ремито можеби било и најреален исход.

Саса е претпоследна со 18 бодови, но со само два бода до бараж зоната, а пет бода до зоната која гарантира опстанок, па „рударите“ имаат и реална можност да дојде и до директен опстанок, со оглед на тоа дека распоредот им е поволен во однос на Осогово, кој им е директен конкурент.

Александар Ванев, М-Нет